Издавање на фискална сметка за извршениот промет

Продавачите кои вршат промет на добра и промет на услуги за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат (односно плаќањето се извршува со готовинско плаќање), должни се да издаваат фискална сметка за извршениот промет во моментот на предавање и плаќање на доброто, односно на извршување и плаќање на услугата. Во случај кога трговијата се врши преку посредници или дистрибутери продавачот фискалната сметка ја издава на дистрибутерот кој е должен да ја врачи на купувачот при плаќање на цената на доброто.

Тоа значи дека доколку за Вашите on-line нарачани производи плаќате со готовина при самата достава на нарачката, треба да Ви биде издадена фискална сметка.

Издавање на фактура за извршениот промет


Доколку за Вашето on-line купување се одлучите да платите:

  • по пат на пренос на средства од Вашата транскациска сметка на сметката на продавачот (образец ПП-30)
  • или пак со платежна картичка преку интернет платформа (интернет страницата на продавачот),

тоа не претставува готовинско плаќање и продавачот не е должен да издаде фискална сметка.

Во ваков случај продавачот треба да Ви издаде фактура согласно одредбите во Законот за данокот на додадена вредност.