Што се тоа даноци?
Даноците се јавен приход кој произлегува од обврската што ја наложува државата кон граѓаните и на претпријатијата задолжително да издвојуваат дел од својот приход, промет или имот за задоволување на државните потреби.
Основната функција е фискална, но многу често даноците се користат за постигнување на определени економски и социјални цели, остварување на стабилизационата политика и за сузбивање на инфлацијата..
Основни елементи на секој даночен систем се:
Порано земјоделството било најважна дејност, а земјата најзначаен имот, па затоа и предмет на оданочување главно била земјата и приходите од земјата, а подоцна и другите видови имот како што се зградите, капиталот, приходите.
Со тек на времето значајно пораснала и улогата на потрошувачката, односно прометот. Државата посебно воведувала и наплатувала данок на некои производи на кои имала монопол, како што биле солта и тутунот. Државата наплаќала царини, трошарина, патарина и други слични давачки кои имат облик на данок на потрошувачка.
Носители на даночната обврска се субјектите кои остваруваат некоја дејност и имаат различен организациски облик, како и граѓаните.
Даночната стапка е процентот, делот што треба да се плати во вид на данок на утврдента даночна основа. Ако даночната стапка е утврдена на 10%, тоа значи дека толкав процент применет на даночната основа треба да се плати како данок на државата.
Најчесто се пратикуваат два вида даночни стапки:
– Пропорционални и
– Прогресивни
Плаќањето на данок по пропорционална стапка значи да се плаќа данок секогаш со иста стапка, независно од големината на прометот или приходот.
Прогресивните стапки воглавно се користат за оданочување на доход, добивки или приходи, и значат примена на стапки кои се зголемуваат со зголемување на основата, според износи лимитирани со закон.
Видови на даноци
Поделба на даноците во нашиот даночен систем се врши на следниот начин:
Данок на личен доход
Законот за данокот на личен доход го уредува оданочувањето на личниот доход на физичките лица, обврзникот за плаќање на данокот на личен доход, даночната основа за пресметување на данокот на личен доход, даночните стапки,начинот и роковите за плаќање на данокот на личен доход, како и други прашања кои се значајни за утврдување и плаќање на данокот на личен доход.
Данокот на личен доход е годишен данок и се состои од збирот на доходите од сите извори на едно физичко лице. Доходот што подлежи на оданочување го сочинуваат следниве видови на доход остварени во земјата и во странство:
1) доход од работа;
2) доход од самостојна дејност; ; линк до брошура на веб страна на УЈП: http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/5
3) доход од авторски и сродни права;
4) доход од продажба на сопствени земјоделски производи; линк до брошура на веб страна на УЈП: http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/70
5) доход од права од индустриска сопственост;
6) доход од закуп и подзакуп; линк до брошура на веб страна на УЈП: http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/69
7) доход од капитал;
8) капитални добивки; линк до брошура на веб страна на УЈП: http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/71
9) добивки од игри на среќа;
10) доход од осигурување и
11) друг доход.
Обврзник на данокот на доход е секое физичко лице, резидент на Република Северна Македонија, за доходот што го остварува во земјата и во странство.
Даночната основа за утврдување на данокот на личен доход претставува збир на сите приходи остварени во пари, хартии од вредност, во натура или во некој друг вид, во земјата и во странство, во текот на даночниот период, намалена за:
- придонесите од задолжително социјално осигурување;
- личното ослободување во износ од 101,256 денари на годишно ниво, а кое се пресметува на месечно ниво со цел пресметување на данокот на личен доход и
- нормираните или стварните трошоци предвидени со Законот за данокот на личен доход.
Данокот на сите видови доход, освен доходот од игри на среќа, се плаќа по единствена даночна стапка од 10%. Доходот од игри на среќа е предмет на 15% данок.[1]
Линк до веб страна на УЈП: http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/140
http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/2
http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/67
Данок на добивка
Со Законот за данокот на добивка се уредува начинот на оданочување на добивката, стапката по која се пресметува данокот на добивката, обврзниците за плаќање на данок на добивка, даночната основа за пресметување на данокот на добивка, роковите за плаќање на данокот на добивка, како и други прашања кои се значајни за утврдување и плаќање на данокот на добивка.
Данокот на добивка се плаќа на добивката која се утврдува во даночниот биланс и која претставува разлика меѓу вкупните приходи и вкупните расходи на даночниот обврзник во текот на една календарска година. Обврзник на данокот на добивка е правно лице резидент на Република Северна Македонија кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство, како и постојана деловна единица на странско лице за добивката што ја остварува од вршење на дејност на територијата на Република Северна Македонија. Стапката на данокот на добивка е пропорционална и изнесува 10%.
Согласно Законот за данок на добивка се овозможува за одредени правни лица кои имаат помал износ на вкупни приходи да бидат ослободени од данок на добивка односно да платат данок на вкупниот приход.
Линк до веб страна на УЈП: http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/142
http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/46
Данок на додадена вредност (ДДВ)
Со Законот за данокот на додадена вредност се воведува данокот на додадена вредност (ДДВ) и се уредува неговото пресметување и плаќање.
Данокот на додадена вредност, како општ потрошувачки данок, се пресметува и плаќа во сите фази на производството и трговијата, како и во целокупниот услужен сектор. Предмет на оданочување со ДДВ е:
- Прометот на добра и услуги кој се врши со надоместок во земјата од страна на даночниот oбврзник во рамките на неговата стопанска дејност и
- Увозот на добра
Даночен обврзник е лице кое трајно или повремено самостојно врши стопанска дејност, независно од целите и резултатите од оваа дејност.
Даночна основа на данокот на додадена вредност е вкупниот износ на надоместокот што е добиен, или што треба да се добие за прометот, во кој не е вклучен данокот на додадена вредност. Данокот на додадена вредност е пропорционален данок. Даночната основа за оданочивиот промет на стоки и услуги и увоз се оданочува според општата даночна стапка од 18% или според повластените даночни стапки од 5% или 10% за определени добра и услуги (прехранбени производи, публикации, лекови, вода за пиење од јавните системи за водоснабдување, бебешки производи, училишен прибор, услуги за кетеринг и служење на храна и пијалаци, термални сончеви системи, пелети, софтвер, превоз на лица и багаж, услуги на сместување и др).
За прометот на одредени т.н. акцизни добра (алкохол и алкохолни пијалаци; тутунски производи и енергенти и електрична енергија) се наплатува посебен вид на јавна давачка – акциза.
Линк до веб страна на УЈП:
http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/141
http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/8
Акцизи
Со Законот за акцизите се уредуваат акцизите за т.н. акцизни добра, во поглед на начинот на настанување, пресметување и плаќање на акцизите на акцизното подрачје на Република Северна Македонија, правата и обврските на акцизните обврзници и надлежниот царински орган во врска со акцизните добра, вклучувајќи ја постапката за надзор и следење на движењето на акцизните добра.
Согласно новиот Закон за акцизите кој започна да се применува од 1 јануари 2020 година акцизни добра се:
- алкохол и алкохолни пијалаци;
- тутунски производи и
- енергенти и електрична енергија.
Царини
Со Царинскиот закон се уредуваат правата и обврските на лицата и царинските органи во врска со стоката во патничкиот и стоковиот промет меѓу царинското подрачје на Република Македонија и странските царински подрачја, додека правилата за начинот на пресметка на царината, царинските давачки кои се применуваат и царинската тарифа се уредуваат со Законот за царинска тарифа.
Царините претставуваат увозни давачки и истите покрај фискална имаат и заштитна улога.
Предмет на царинење, односно на оданочување е увозот на стоки (ретко извозот), а основицата на царината е вредноста на увезената стока.
Обврзници се сите физички и правни лица кои увезуваат стоки од странство.
Предвидени се олеснувања или осободувања за определени стоки, како на пример, за личниот багаж на патниците, за инвалидски помагала или за стока до определен паричен износ, за определени случаи или за некои граѓани, како што се дипломатските и конзуларните службеници, вработените во странство.
Царинската тарифа, како многу важен елемент на царинскиот систем, се усогласува со правилата на Светската трговска организација и со Комбинираната номенклатура на ЕУ.
[1] Законски одредби во мирување заклучно со 31.12.2022:
- Данокот на доход се плаќа по прогресивна стапка од 10% за остварениот приход до 1.080.000 МКД годишно и од 18% за остварениот приход над овој праг, за секој заработен доход од труд.
- Данок на доход се плаќа со рамна стапка од 15% за доход заработен од капитал.
Данок на додадена вредност (ДДВ)
Со Законот за данокот на додадена вредност се воведува днаокот на додадена вредност (ДДВ) и се уредува неговото пресметување и плаќање.
Данокот на додадена вредност, како општ потрошувачки данок, се пресметува и плаќа во сите фази на производството и трговијата, како и во целокупниот услужен сектор. Предмет на оданочување со ДДВ е:
- Прометот на добра и услуги кој се врши со надоместок во земјата од страна на даночниот oбврзник во рамките на неговата стопанска дејност и
- Увозот на добра Даночен обврзник е лице кое трајно или повремено самостојно врши стопанска дејност, независно од целите и резултатите од оваа дејност.
Даночна основа на данокот на додадена вредност е вкупниот износ на надоместокот што е добиен, или што треба да се добие за прометот, во кој не е вклучен данокот на додадена вредност. Данокот на додадена вредност е пропорционален данок. Даночната основа за оданочивиот промет на стоки и услуги и увоз се оданочува според општата даночна стапка од 18% или според повластените даночни стапки од 5% или 10% за определени добра и услуги (прехранбени производи, публикации, лекови, вода за пиење од јавните системи за водоснабдување, бебешки производи, училишен прибор, услуги за кетеринг и служење на храна и пијалаци, термални сончеви системи, пелети, софтвер, превоз на лица и багаж, услуги на сместување и др.
За прометот на одредени т.н. акцизни добра (алкохол и алкохолни пијалаци; тутунски производи и енергенти и електрична енергија) се наплатува посебен вид на јавна давачка – акциза. Со Законот за акцизи се уредуваат акцизите за т.н. акцизни добра, во поглед на начинот на настанување, пресметување и плаќање на акцизите на акцизното подрачје на Република Северна Македонија, правата и обврските на акцизните обврзници и надлежниот царински орган во врска со акцизните добра, вклучувајќи ја постапката за надзор и следење на движењето на акцизните добра.
Линк до веб страна на УЈП:
http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/141
http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/8
Закон за акцизите
Согласно новиот Закон за акцизите кој започна да се применува од 1 јануари 2020 година акцизите за добрата подлежни на акциза во поглед на начинот на настанување, пресметување и плаќање на акцизите на акцизното подрачје на Република Северна Македонија правата и обврските на акцизните обврзници и надлежниот царински орган во врска со акцизните добра, вклучувајќи ја постапката за надзор и следење на движењето на акцизните добра.
Акцизни добра според закон за акцизи се:
-
- алкохол и алкохолни пијалаци;
- тутунски производи и
- енергенти и електрична енергија.
Даноци на имот
Даноците на имот се локални даноци, односно нив ги наплатуваат единиците на локалната самоуправа. – општините и градот Скопје. Советот на општината ја утврдува висината на стапката на даноците на имот.
Со Законот за даноците на имот се уредува начинот на оданочувањето на следните видови даноци на имот:
- Данок на имот- се плаќа на недвижен имот, а даночен обврзник е правно и физичко лице сопственик на имотот. Основа на данокот на имот претставува пазарната вредност на недвижниот имот. Стапките на данокот на имот се пропорционални и изнесуваат од 0,10% до 0,20%.
- Данок на наследство и подарок – се плаќа на недвижен имот и право на плодоуживање и користење на недвижен имот кои наследниците/ примателите на подароци ги наследуваат/примаат, како и на готови пари, парични побарувања, хартии од вредност и друг подвижен имот, ако пазарната вредност на наследството, односно договорот за подарок е повисока од износот на едногодишната просечна плата во Република Северна Македонија во претходната година. Даночен обврзник е физичко и правно лице резидент на Република Северна Македонија кое наследува имот или прима имот на подарок, во земјата и во странство, како и странско физичко и правно лице нерезидент за недвижниот и подвижниот имот што го наследува, односно прима на подарок на територијата на Република Севеерна Македонија. Даночна основа претставува пазарната вредност на наследениот, односно на подарок примениот имот во моментот на настанувањето на даночната обврска, намалена за долговите и трошоците што го товарат имотот кој е предмет на оданочување. Даночните стапки се пропорционални и зависат од наследниот ред – 2-3% за обврзник од втор наследен ред, а за обврзник од трет наследен ред или обврзник кој не е во сродство со оставителот, данокот се пресметува по стапка од 4% до 5%, додека наследникот од прв наследен ред не плаќа данок.
- Данок на промет на недвижности – се плаќа на остварениот промет на недвижности. Даночен обврзник е правно и физичко лице продавач на недвижноста. Основа на данокот на промет на недвижности е пазарната вредност на недвижноста во моментот на настанувањето на обврската. Стапките на данокот на промет на недвижности се пропорционални и изнесуваат од 2% до 4%.
Придонеси од задолжително социјално осигурување
Придонеси се јавни давачки кои обврзникот за пресметка и уплата ги плаќа од остварените бруто-надоместоци од работен однос на сметките на соодветните социјални фондови и кои претставуваат основа за остварување на тековни и идни права на осигурениците – права на здравствена заштита, на користење пензија или надоместок во време на невработеност.
Обврзник за плаќање на придонеси е осигуреникот во чие име и за чија сметка се плаќаат придонесите, а обврзник за пресметка и уплата на придонесите е работодавач, самовработено лице, индивидуален земјоделец, верско службено лице, државна институција, орган или организатор кој има обврска на товар и за сметка на обврзникот за плаќање на придонеси да ги пресмета, задржи и уплати придонесите.
Средствата од придонесите се јавни давачки над кои контрола врши Министерството за финансии, а на располагање се на институциите за задолжително социјално осигурување, основани со закони кои го уредуваат системот на задолжително социјално осигурување, за намени утврдени во согласност со тие закони.
Во задолжително социјално осигурување спаѓаат придонесите за:
- пензиско и инвалидско осигурување врз основа на тековна исплата;
- задолжително капитално финансирано пензиско осигурување;
- стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење;
- здравствено осигурување и
- осигурување во случај на невработеност.
Основица за пресметка и плаќање на придонеси е плата и дополнителните примања од работен однос утврдени во законот кој ги уредува работните односи, колективен договор и договорот за вработување.
Основица за пресметување и плаќање на придонесите, односно основицата за осигурување за тековната година не може да биде пониска од 50% од просечна плата по работник во Република Северна Македонија објавена во јануари во тековната година.
За самовработено лице кое врши професионална и друга интелектуална услуга основица за пресметување и плаќање на придонесите, односно основицата за осигурување за тековната година не може да биде пониска од просечната плата по работник во Република Северна Македонија објавена во јануари во тековната година.
Највисока месечна основица за пресметување и уплата на придонесите за примањата од работен однос од еден обврзник за пресметка и уплата на придонеси е износот од шеснаесет просечни плати.
Стапки по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите се:
- 18,8% за задолжително пензиско и инвалидско осигурување;
- 4% стапка на придонес за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа или професионална болест;
- 7,5% за задолжително здравствено осигурување;
- 13% за задолжително здравствено осигурување за обврзникот корисник на домашна пензија кој придонесот го плаќа на износот на пензијата;
- 0,5% стапка на дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување и
- 1,2% за задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност.
Линк до веб страна на УЈП: http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/132