Побарајте фискална сметка!
Како купувач на доброто, односно корисник на услугата побарајте фискална сметка во моментот на предавање и плаќање на доброто, односно на извршување и плаќање на услугата.
Фискалната сметка претставува потврда дека сте купиле, односно дека сте ја платиле цената на соодветното добро, односно користената услуга од соодветниот деловен објект, на датумот кој е отпечатен на сметката.
Кој е должен да издава фискални сметки?
Даночниот обврзник (продавач) кај кој сте извршиле промет, односно сте купиле добра или сте користеле услуги за кои сте платиле во готови пари, задолжително треба да ви издадe фискална сметка за извршениот промет.
- При плаќање на доброто или услугата со платежна картичка треба да се издава фискална сметка.
- За продажба на добра на познат купувач при плаќање во готово, покрај фактура и испратница треба да се издаде и фискална сметка.
- И возачите на такси возила се должни да употребуваат фискален таксиметар и да издаваат фискална сметка на секој свој патник.
- Доколку приредувачот на културно-спортска или друга манифестација продава билети, влезници и слично, за кои наплаќа во готово треба да издава фискални сметки.
- Без разлика дали даночниот обврзник е регистриран или не е регистриран за целите на ДДВ, за прометот во готово должен е да издава фискални сметки.
- Корисниците на тезги на зелените пазари ќе отпочнат со фискализација од моментот на пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија.
Даночниот обврзник е должен, на видно место да постави соопштение со кое го информира купувачот на доброто, односно корисникот на услуга за неговата обврска да бара фискална сметка.
Како да ја препознаете сметката што не е фискална?
За да се уверите дека издадената фискална сметка е важечка, треба да проверите:
- Дали на самата сметка е испишан текст: „ФИСКАЛНА СМЕТКА“?
- Дали е наведен часот, датумот на издавање и бројот на фискалната сметка?
- Дали е впишан описот на плаќањата или делумните плаќања, вклучувајќи ги плаќањата со платежна картичка? На сметката треба да е впишано и името на издавачот на платежната картичката.
- Сметката треба да содржи опис и количина на прометот, поединечна цена и износ по поединечни даночни стапки, евентуални подзбирови и податоци за кусур (доколку го има). Износите треба да бидат поврзани со точна даночна стапка која може да биде изразена во процент или даночен код (даночна група) и треба да биде искажан вкупниот износ на данок.
- Вкупниот промет кој се должи треба да биде искажан со текстот “ВКУПЕН ПРОМЕТ”.
- Дали точно се наведени називот и адресата на даночниот обврзник и на објектот каде се врши прометот?
- Дали е наведен ЕДБ (Единствениот даночен број на даночниот обврзник) и ДДВ (МК) бројот?
- Дали е внесен регистрациониот број на фискалниот апарат?
- Дали на фискалната сметка има отпечатено фискално лого и 2D баркод?
Како да ја препознаете сметката што не е фискална?
За да се уверите дека издадената фискална сметка е важечка, треба да проверите:
- Дали на самата сметка е испишан текст: „ФИСКАЛНА СМЕТКА“?
- Дали е наведен часот, датумот на издавање и бројот на фискалната сметка?
- Дали е впишан описот на плаќањата или делумните плаќања, вклучувајќи ги плаќањата со платежна картичка? На сметката треба да е впишано и името на издавачот на платежната картичката.
- Сметката треба да содржи опис и количина на прометот, поединечна цена и износ по поединечни даночни стапки, евентуални подзбирови и податоци за кусур (доколку го има). Износите треба да бидат поврзани со точна даночна стапка која може да биде изразена во процент или даночен код (даночна група) и треба да биде искажан вкупниот износ на данок.
- Вкупниот промет кој се должи треба да биде искажан со текстот “ВКУПЕН ПРОМЕТ”.
- Дали точно се наведени називот и адресата на даночниот обврзник и на објектот каде се врши прометот?
- Дали е наведен ЕДБ (Единствениот даночен број на даночниот обврзник) и ДДВ (МК) бројот?
- Дали е внесен регистрациониот број на фискалниот апарат?
- Дали на фискалната сметка има отпечатено фискално лого и 2D баркод?
Парагон блок како замена за фискална сметка
Во случај на престанок на електричната енергија или кога фискалниот апарат е оштетен, продавачот прометот задолжително го евидентира на парагон блокови. Не е дозволено автотакси превозници и даночни обврзници кои вршат промет на нафта и нафтени деривати на мало (бензински пумпи, плински пумпи и др.) да издаваат парогон блок.
Дали во фискалната сметка може да се искаже попуст?
Во фискалната сметка може да се искаже попуст, но истовремено покрај редовната цена на производот, односно услугата, треба да се искаже процентот (%) за кој се намалува цената и намалената цена.
Во која валута се искажуваат износите во фискалната сметка?
Сите износи вклучувајќи го вкупниот збир треба да бидат искажани во денари.
Кога како платежно средство се користат ефективни странски пари во трансакциите со нерезиденти или платежна картичка издадена од странска банка, вкупниот промет се искажува во денари.
Апликативната програма врз основа на дневната курсна листа денарите ги претвора во ефективни странски пари и ги искажува на посебна линија на фискалната сметка, додека денарскиот износ се запишува во фискалната меморија.
Повеќе за фискалната сметка информирај се тука.
Кој е должен да воведе фискален систем на опрема за регистрација на готовински плаќања?
Даночните обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги за кои плаќањето се врши готовински, должни се да воведат и користат одобрен ГПРС фискален систем на опрема за регистрација на готовинските плаќања.
Кој не е должен да воведе фискален систем на опрема за регистрација на готовинските плаќања?
- Даночните обврзници кои данокот од доход за приходите од вршење на дејност го плаќаат според паушално утврден нето приход, освен таксистите. Таквиот статус тие го докажуваат со Решение издадено од Управата за јавни приходи;
- Физичките лица кои издаваат под закуп станбен или деловен простор;
- Лица кои не се трговци за прометот на непреработено и сопствено земјоделско производство што го вршат на тезги на пазари, како и надвор од пазарите;
- Лица кои вршат дејности во објекти што се наоѓаат во населени места со број на жители под 300 луѓе и кои се сместени во високопланински и тешко достапни места, со исклучок на туристички места;
- Лицата кои вршат улична продажба на весници и списанија-колпортерска продажба;
- Лицата кои вршат улична продажба на лозовите што се употребуваат при приредување на игрите на среќа од типот инстант лотарија, како и на картичките што се употребуваат при приредување на игрите на среќа од типот томбола;
- Лицата кои вршат континуиран промет, за кој издаваат сметки и за кој се предвидени последователни плаќања (испорака на струја, вода, телефонски услуги, греење и ладење и друго);
- Продажба на добра или услуги преку автомати за продажба кои работат со монети и книжни пари.
Фискален систем на опрема
Фискалниот систем на опрема овозможува регистрирање на вкупниот промет на продадени добра, извршени услуги и висината на данокот. Преку него се врши печатење и издавање на фискални сметки, дневен финансиски извештај и контролен финансиски извештај. Во него е вградена фискална меморија која овозможува единечна регистрација на податоците и нивно повеќекратно читање.
Фискалниот систем на опрема се состои од фискална апаратура и од интегриран автоматски систем за управување.
Видови на фискална апаратура:
- електронски каси со фискална меморија;
- фискални принтери;
- електронски системи со фискална меморија за регистрирање на прометот на нафтени деривати на мало преку сметачки средства за количината и потрошокот на течни горива (бензиски пумпи, плински пумпи и сл.).
Интегрираниот автоматски систем за управување е систем за постојана електронска комуникација на трговскиот објект со УЈП за секојдневно автоматско пренесување на податоци во вид на дневен финансиски извештај. Интегрираниот автоматски систем за управување се состои од:
- GPRS терминал (General Packet Radio Service); и
- криптомодул.
Фискална сметка
- Фискална сметка е документ со кој се потврдува плаќањето на цената на доброто, односно услугата издадена од фискална апаратура.
- Фискалната сметка се состои од бонов и контролен траг кои се идентични и се запишуваат истовремено. Исечок од боновиот траг се дава на купувачот на доброто, односно на корисникот на услугата, а контролниот траг го задржува даночниот обврзник.
Контролниот траг освен на хартиен медиум може да се запишува и на електронски медиум. Електронската контролна трага треба да гарантира небришливост на податоците по исполнување на капацитетот и неможност за печатење на фискална сметка.
Даночниот обврзник е должен хартиената, односно електронската контролна трага од фискалната сметка да го чува во објектот пет години од датумот на последната операција. - Фискална сметка се издава на купувачот на доброто, односно на корисникот на услугата во моментот на предавањето и плаќањето на доброто, односно на извршувањето и плаќањето на услугата.
- При дилерска трговија, даночниот обврзник фискалната сметка ја издава на дистрибутерот, кој е должен да ја врачи на купувачот при плаќањето на цената на доброто.
Регистрација на фискалната апаратура
При регистрацијата на фискалниот апарат со GPRS уред не се потребни никакви писмени документи, односно целокупната постапка за регистрација и одобрување на фискалниот апарат се врши електронски, со размена на регистрационите податоци помеѓу сервисниот центар на производителот (од каде обврзникот го набавува апаратот) и системот на Управата за јавни приходи. По успешната електронска регистрација во системот на Управата за јавни приходи, даночниот обврзник може веднаш да го постави фискалниот систем на опрема во деловниот објект и да врши регистрирање на остварениот готовински промет.
Должности на даночниот обврзник
- Даночниот обврзник е должен да монтира, воведе во користење и да ја користи фискалната апаратура или интегрираниот автоматски систем за управување од самото пуштање на објектот во употреба.
- Даночниот обврзник е должен да воведе и да користи фискална апаратура за секое работно место од каде што се извршува прометот на добра или услуги кои готовински се наплатуваат.
- Даночниот обврзник е должен да води книга за дневни финансиски извештаи.
- Даночниот обврзник е должен, на видно место, да постави соопштение со кое го информира купувачот на добро, односно корисникот на услуга за неговата обврска да бара фискална сметка.
- Заради правилно евидентирање на прометот даночниот обврзник е должен фискалните апарати да ги чува и одржува во исправна состојба.
- За функционално и техничко одржување на фискалните апарати, даночниот обврзник е должен да склучи договор за одржување со овластениот производител/сервисер на фискалниот систем на опрема.
- Даночниот обврзник чиј просечен промет во деловниот објект надминува 1.000.000 денари во претходната година, со исклучок на даночните обврзници кои вршат промет на нафтени дериват на мало (бензиски пумпи), е должен да закупи и регистрира резервна фискална апаратура, која се користи во случај на оштетување и ремонт на главната фискална апаратура.
Кога е потребен ремонт или поправка на фискалната апаратура, а даночниот обврзник нема обврска да поседува резервна фискална апаратура, тогаш за извршениот промет на добра или услуги е должен да издава парагон блок и да води Итна сметководствена книга (ИСК-03) заверена од Управата за јавни приходи.
Овластени производители на фискален систем на опрема со ГПРС уред:
- Акцент компјутери – бул.Орце Николов бр.133-Д3, тел. 02/31 33 122
- Давид компјутери – бул.Јане Сандански бр.72/1, тел. 02/24 50 372
- Дуна компјутери – ул.Скупи бр.57а, тел.02/31 04 500
- Макпетрол АД – ул.Св. Кирил и Методиј бр.4, тел. 02/31 12 144
- Електро Софт Инженеринг- ул.Огњан Прица бр.41а, тел. 02/277 55 15
За подетални информации во врска со фискализацијата и регистрирање на готовинските плаќања кликнете тука.