Царинската управа, како орган во состав на Министерството за финансии со статус на посебно правно лице, се институционализираше на 14 април 1992 година, со донесувањето на Законот за Царинската управа, добивајќи непосредно овластување да ги спроведува законите и другите прописи на Република Северна Македонија во областа на царините и овој ден – 14 април секоја година се одбележува како „Ден на Царината“.

Царинската управа своите надлежности ги спроведува на целата територија на Република Северна Македонија, а работите од својот домен ги извршува преку Централната управа и пет царинарници. Централната управа, чие седиште е во Скопје, координира и раководи со царинските надлежности на целата територија на Република Северна Македонија, а царинарниците координираат и раководат со соодветен реон.

Царинската управа и нејзините вработени при извршувањето на своите надлежности постапуваат согласно Законот за Царинската управа, Царинскиот закон, Законот за Царинска тарифа, Законот за акцизите, Законот за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост, Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки и други закони во кои се пропишани надлежности за постапување на Царинската управа.

Основни надлежности на Царинската управа се:

  • Спроведување на царински надзор, царинење на стока, царинска контрола, спроведување на акцизен надзор на целата територија на Република Северна Македонија, истражни и разузнавачки мерки со цел спречување, откривање и истражување на царински прекршоци и кривични дела;
  • Заштита на сигурноста и безбедноста на луѓето, животните и растенијата, заштита на предмети со историска, уметничка и археолошка вредност, авторски и други права, како и други мерки на трговската политика пропишани со закон;
  • Спроведување на царински контроли по царинењето;
  • Спроведување на внатрешни контроли и ревизии во сите сфери на царинското работење и целокупното функционирање на Царинската управа, со цел откривање на случаи на непочитување на законите и интерните акти и злоупотреби при вршењето на службените должности од страна на вработените;
  • Водење на прекршочна постапка, изрекување на прекршочна санкција за сторен царински, акцизен и девизен прекршок, како и поведување на постапка по кривични дела утврдени со закон.

Царинската управа и нејзините вработени при извршувањето на своите надлежности бескомпромисно постапуваат согласно Уставот, законите, ратификуваните меѓународни договори и другите прописи донесени врз основа на законот и обезбедуваат нивна еднаква, непристрасна, објективна примена и се раководат според следните начела и вредности: професионалност, праведност, едноставност, ефикасност, транспарентност, борба против корупција, лидерство, општествена одговорност, грижа за човечките капацитети и управување согласно меѓународните стандарди за квалитет.

Царинската управа е единствен надлежен орган за администрирање на акцизите на целата територија на државата. Царинската управа е надлежна и за спроведување на контроли на иматели на акцизни дозволи и акцизни одобренија, како и учесниците во трговските операции кои вклучуваат промет со акцизни добра – минерални масла, алкохол и алкохолни пијалаци, тутунски добра и патнички автомобили.

 

ПРИЈАВИ СИВА ЕКОНОМИЈА

Визија

Да бидеме водечка Царинска управа во регионот што ќе дава силна поддршка на легалната економија и која ќе биде целосно усогласена со стандардите на Европската унија.

Мисија

Да ги заштитиме финансиските интереси и општеството, истовремено поддржувајќи го економскиот развој преку соработка, олеснување и модернизација.

Политика за квалитет

Посветеноста на квалитетот е стратешка определба на Царинската управа и за нејзино остварување Царинската управа постави визија да стане и остане најдобар сервис на граѓаните, економските оператори и државата, согласно домашни и меѓународно признати најдобри практики во својата надлежност. Поради тоа, раководството на Царинската управа на Република Северна Македонија се обврзува на добра професионална пракса и квалтитено давање на услуги преку примена на барањата на ISO 9001:2015, а директорот на Царинската управа на 27.02.2019 година ја донесе Политиката за квалитет.

Политика за квалитет

ISO 9001:2012

Интерактивна мапа на царинарници и царински испостави со контакти

Борба против корупција

  • Амбиент
    • Се случува при контактите со царинските службеници;
    • Колку повеќе директни контакти наметнати со регулативата и системот – толку поголем простор за корупција и злоупотреба на службената должност;
    • Сложена и непрецизна регулатива со непотребни дискрециони права како причина за корупција и злоупотреба на службената должност;
    • Непостоечки или низок степен на транспарентност – повеќе простор за корупција и злоупотреба на службената должност;
    • Плаќање на давачки во готово – повеќе простор за корупција и злоупотреба на службената должност;
    • Македноската економија е сеуште високо увозно зависна – 80% од бизнисите мораат да работат со Царинската управа.
  • Последици
    • Нелегална трговија со наркотици, оружје, стоки со двојна намена;
    • Производство и дистрибуција на фалсификати и пиратерија;
    • Плаќања со готови пари;
    • Перење пари;
    • Даночна евазија;
    • Економски криминал;
    • Финансирање тероризам;
    • Помали финансиски можности за задоволување на јавните потреби;
    • Намалена заштита на животот, здравјето и човековата околина;
    • Повисоки трошоци за легалната трговија;
    • Нелојална конкуреција и неповолен бизнис амбиент.
  • Активности за сузбивање на корупција

Стратегија за интегритет и борба против корупција во Царинската Управа на Република Северна Македонија 2019-2022

Ратификувана Конвенција на Обединети нации против корупцијата

Протокол за соработка за превенција и репресија на корупцијата и судирот на интереси

Ревидирана Аруша декларација

Кодекс на однесување на царинските службеници

Правила за ред и дисциплина во Царинската управа

Пријавете корупција во Царинската управа