#ВНЕСИ БОЈА Внеси боја – кампања за подигнување на свеста за последиците од сивата економија #ВНЕСИ БОЈА Внеси боја во
сивата економија
#ВНЕСИ БОЈА Земи фискална
сметка
#ВНЕСИ БОЈА Купувај легално #ВНЕСИ БОЈА 1/3 повеќе пари за јавните добра

Сива економија

Што е сива економија?

Сивата или неформална економија ги опфаќа економските активности кои по својата природа се легални, но не се опфатени во официјалните статистики. Секоја економска активност со која се избегнуваат законите и оданочувањето, со цел стекнување сопствена корист на штета на државата, на одговорните претпријатија и на граѓаните, се нарекува сива или неформална економија.

Последици

Последиците од сивата економија ги чувствуваат сите граѓани на државата. Високото присуство на сива економија се смета за пречка за одржлив развој. Таа го намалува квалитетот на деловното окружување, создава кусок на јавни приходи и остава дел од вработените без социјална заштита и со ограничени права.

Како да препознаете сива економија?

Примери за сива економија кои се најприсутни во секојдневниот живот се:

  • Неиздавање фискални сметки или издавање фискална сметка на нецелосен износ
  • Непријавување работници
  • Исплата на платата на рака
  • Нелегална трговија
  • Вршење бизнис без регистрирана фирма

ПРИЈАВИ СИВА ЕКОНОМИЈА

Даночен систем

Од што се полни буџетот на Република Северна Македонија Буџетот на Република Северна Македонија претставува акт со кој се планираат годишните приходи и другите приливи и одобрени средства и ги вклучува централниот буџет и буџетите на фондовите. Централен буџет е годишен план на приходи, други приливи и одобрени средства, а се однесува на буџетските корисници на централната власт и ги вклучува основниот буџет, буџетот на донации, буџетот на заеми и буџетот на самофинансирачки активности. Од што се полни буџетот? 109,0
милијарди денари
ДАНОЧНИ ПРИХОДИ
15,1
милијарди денари
НЕДАНОЧНИ ПРИХОДИ
6,9
милијарди денари
КАПИТАЛНИ ПРИХОДИ
65,1
милијарди денари
СОЦИЈАЛНИ ПРИДОНЕСИ
Податоци за 2020 г.
За што се користи буџетот Со Законот за буџетите се уредуваат постапката за изготвување, донесување, извршување на Буџетот на Република Северна Македонија и буџетите на единиците на локалната самоуправа и на градот Скопје и известувањето за нивното извршување.

Основна цел при подготвување и извршување на буџетот е макроекономската стабилност и одржлив и стабилен национален економски развој.
18,0
СТОКИ И УСЛУГИ
За што се користи буџетот? 21,4
милијарди денари
ТРАНСФЕРИ ДО ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
30,1
милијарди денари
ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ
34,4
милијарди денари
ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
69,4
милијарди денари
ПЕНЗИИ И ТРОШОЦИ ОД ВТОР ПЕНЗИСКИ СТОЛБ
37,3
милијарди денари
СУБВЕНЦИИ И ТРАНСФЕРИ
14,8
милијарди денари
СОЦИЈАЛНИ ТРАНСФЕРИ И НАДОМЕСТОЦИ
8,3
милијарди денари
КАМАТНИ ПЛАЌАЊА
19,2
милијарди денари
КАПИТАЛНИ РАСХОДИ
Податоци за 2020 г.