
Управата за јавни приходи е орган на државната управа во состав на Министерството за финансии со својство на правно лице. Со состојба на 31.12.2020 година, бројот на вработените лица во Управата за јавни приходи изнесува 1.079.
Од 1 Јануари 2017 година, овозможено со измените актите за внатрешна организација и за систематизација на работните места во Управата за јавни приходи, работите од делокругот на Управата за јавни приходи се вршат преку:
- Генерална дирекција Скопје;
- Дирекција за големи даночни обврзници;
- Регионални дирекции (6) – лоцирани во Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Струмица и Тетово;
- Даночни одделенија (17) – лоцирани во Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Кичево и Дебар;
- Даночни шалтери (7) – лоцирани во Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Кратово, Делчево, Пробиштип и Валандово;
- Мобилни даночни шалтери кои ги опслужуваат останатите општини каде не постои финансиско оправдување за нивно постојано лоцирање.