
Надлежности на Управата за финансиско работење:
Управата за финансиско работење:
- Прибира, обработува, анализира, чува и доставува информации и податоци добиени од субјектите врз законска основа,
- Прибавува административни,финансиски, и други податоци и информации,неопходни за извршување на своите надлежности,
- Надлежните државни органи ги известува за постоење основ на сомневање за сторено друго кривично дело,
- Изготвува и поднесува извештаи со мислење до надлежни државни органи,секогаш кога постои основ на сомневање за сторено кривично дело перење пари и финансирање на тероризам,
- Издава писмен налог на субјектот со кој привремено ја задржува трансакцијата,
- Доставува барање за поднесување на предлог за определување на привремени мерки до надлежен јавен обвинител,
- Поднесува налог за следење на деловниот однос на субјектот,
- Поднесува барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежен суд,
- Сoработува со следниве субјекти: Министерство за внатрешни работи, Управата за финансиската полиција, Јавното обвинителство, Царинската управа, Управата за јавни приходи, Државниот девизен инспекторат, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, Народната банка на Република Северна Македонија, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Агенцијата за супервизија на осигурување, Државната комисија за спречување на корупцијата и други државни органи и институции, како и со други организации, институции и меѓународни тела за борба против перењето пари и против финансирањето на тероризмот,
- Склучува договори за соработка и разменува податоци и информации со овластени тела на други држави и меѓународни организации, вклучени во борба против перење пари и финансирање на тероризам,
- Врши надзор над субјектите за примена на мерките и дејствијата определени со закон,
- Поведува иницијативи или дава мислења на закони и подзаконски акти што се однесуваат на спречување и откривање на перење пари и финансирање на тероризам,
- Помага и учествува во професионалното усовршување на овластените лица и вработените во Одделот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам,
- Утврдува листи на индикатори за анализа на ризик и за препознавање на сомнителни трансакции во соработка со субјектите и органите кои вршат надзор врз нивното работење,
- Планира и спроведува обуки за усовршување и оспособување на вработените во Управата,
- Дава појаснување во примената на прописите за спречување на перење пари и финансирање на тероризам ,
- Управата работите од своја надлежност ги врши согласно со закон и ратификуваните меѓународни договори со кои се уредува спречувањето перење пари или финансирање на тероризам.
- Управата работите во делот на надзорот ги врши согласно регулативата за инспекциски надзор,доколку со закон поинаку не е уредено,
- Личните податоци прибани за работењето на Управата се користат во согласност со законот и регулативата за заштита на личните податоци,
- Управата еднаш годишно изготвува извештај за работите од своја надлежност и програма за работа за следната година и ги доставува до Министерот за финансии и до Владата на Република Северна Македонија.