Мисија, визија и планови на Централниот регистар
Централниот регистар е институција основана во 2001 година со Законот за Централен регистар и претставува централна информативна база на правни и друг вид релевантни податоци. Податоците кои се внесуваат во соодветните регистри на ЦР, електронски се обработуваат, обединуваат, селектираат, чуваат и се прават достапни до заинтересираните корисници. Централниот регистар е организиран на начин што има вкупно 27 канцеларии – 12 Регионални Регистрациони Канцеларии и 15 Регистрациони Канцеларии, распоредени во сите поголеми градови во РЕпублика Северна Македонија. Сите канцеларии на ЦР се поврзани со централна база на податоци во реално време, преку IPVPN (виртуелна мрежа базирана на интернет протокол) што овозможува лесен пристап до податоците за сите заинтересирани корисници на целата територија на Републиката.

Мисија на ЦРРСМ е да ги прошири и развие своите бази со дополнителни податоци (формирање на нови основни регистри и постојано унапредување на постојните) со што ЦРРСМ ќе стане единствена централна информативна база на правни и друг вид релевантни податоци, значаен учесник во креирањето на подобра бизнис клима во Републиката, промотор на странски инвестици и општествено одговорна институција, а со самото тоа директно ќе влијае на развојот на националната економија.
Точна и навремена информација – патот кон подобра бизнис клима!
Со цел да го овозможиме најдоброто корисничко искуство и да обезбедиме најдобра и најквалитетна услуга дефиниравме стратешка определба за достигнување успешни резултати, стекнување на доверба кај корисниците и градење на стабилна врска со нив. Континуираното унапредување на својата работа ја постигнуваме преку реализација на Развојната стратегија на Централен регистар на Република Македонија за периодот 2018 – 2022 година, како и преку имплементација на годишниот План за работа на Централен регистар на Република Северна Македонија за 2021 година и следењето на Кодексот за административни службеници.
Имајќи jа во предвид важноста на податоците со кои располага ЦР, постои посебна посветеност за одржување на нивните интегритет, достапност и доверливост, квалитет и додадена вредност. Во своето деловно работење применува меѓународно воспоставени пракси кои претставуваат етика во глобалниот бизнис свет.Централниот регистар како водечка институција во регионот и пошироко, е активен член на сите релевантни меѓународни асоцијации на бизнис регистри и тоа: Европската асоцијација на бизнис регистри (European Business Registers Association – EBRA); Форумот на корпоративни регистри (Corporate Registers Forum – CRF); Меѓународната асоцијација на комерцијални администратори (International Association of Commercial Administrators – IACA.)
-
Трговски регистар и Регистар на други правни лица
-
Регистар на вистински сопственици
-
Регистар на годишни сметки
-
Заложен регистар
-
Регистар на лизинг
-
Регистар на права врз недвижности
-
Регистар на директни инвестиции
-
Регистар на вложувања во недвижности
-
Регистар на споредни казни за сторени кривични дела на правни лица
-
Регистар на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана за вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење одделна дејност
-
Регистар на задолжници
-
Фидуцијарен регистар – Регистар за обезбедување со пренос на сопственост на предмети и пренос на право
-
Регистар на продажба на подвижни ствари со задржување на правото на сопственост
-
Адресен регистар
Правна рамка на функционирањето на Централен регистар на Република Северна Македонија:
- Закон за Централен регистар на Република Северна Македонија (“Службен весник на РМ” број 50/2001, 49/2003, 109/2005);
- Закон за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица („Службен весник на Република Македонија“ бр. 84/05, 13/07, 150/07, 140/08, 17/11, 53/11, 70/13, 115/14, 97/15, 192/15, 53/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 122/21 и 215/21)
- Закон за трговските друштва („Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/04, 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16, 64/18 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 290/20 и 215/21)
- Правилник за формата и содржината на обрасците за упис во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица (“Службен весник на РМ” број 115/2005);
- Закон за договорен залог(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/03, 4/05, 87/07, 51/11, 74/12, 115/14, 98/15, 215/15 и 61/16);
- Закон за лизинг („Службен весник на Република Македонија“ бр. 4/02, 49/03, 13/06, 88/08, 35/11, 51/11, 148/13, 145/15, 23/16 и 37/16);
- Закон за девизното („Службен весник на Република Македонија“ бр. 34/01, 49/01, 103/01, 54/02, 51/03, 81/08, 24/11, 135/11, 188/13, 97/15, 153/15 и 23/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/21);
- Закон за банки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/07, 90/09, 67/10, 26/13, 15/15, 153/15, 190/16, 7/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19 и 122/21);
- Упатство за начинот и постапката за отворање и затворање на сметка (“Службен весник на РМ” број 115/2005);
- Закон за хартии од вредност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/05, 25/07, 7/08, 57/10, 135/11, 13/13, 188/13, 43/14, 15/15, 154/15, 192/15, 23/16, 83/18 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/20);
- Закон за платен промет („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 22/08, 159/08, 133/09, 145/10, 35/11, 11/12, 59/12, 166/12, 170/13, 153/15, 199/15, 193/17 и 7/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/20);
- Закон за јавни набавки (“Службен весник на РМ” број 136/2007 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 24/19 и 87/21);
- Правилник за содржината на документот за бонитет (“Службен весник на РМ” број 13/2006);
- Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер Службен весник на РСМ : 101/2019);
- Правилник за начинот на пријавувањето, уписот, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на директните инвестиции на нерезиденти во Република Северна Македонија (“Службен весник на РМ” број 122/2008);
- Правилник за начинот на пријавувањето, уписот, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на директните инвестиции на резидентите во странство (“Службен весник на РМ” број 122/2008);
- Закон за прекршоците (“Службен весник на РСМ” број: 96/2019);
- Закон за извршување на санкциите (“Службен весник на РСМ“ бр. 99/19 и 220/19);
- Кривичен законик на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 37/96, 80/99, 4/02, 43/03, 19/04, 81/05, 60/06, 73/06, 7/08, 139/08, 114/09, 51/11, 135/11, 185/11, 142/12, 166/12, 55/13, 82/13, 14/14, 27/14, 28/14, 41/14, 115/14, 132/14, 160/14, 199/14, 196/15, 226/15, 97/17 и 248/18);
- Правилник за формата, содржината и начинот на водењето на регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана за вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење одделна дејност (“Службен весник на РМ” број 78/2010);
- Правилник за формата, содржината и начинот на водењето на регистарот на утврдени побарувања на доверителите во стечајна постапка (“Службен весник на РМ” број 78/2010);
- ДД051 Директива управување следење и контрола на договори во ЦР
- ПР 123-06-01 Процедура за јавни набавки
Едношалтерски систем е систем којшто овозможува прием, обработка, дистрибуција и обединет пристап кон податоците определени со закон, запишани во Трговскиот регистар и во Регистарот на други правни лица и другите основни регистри воспоставени со закон од значење за субјектите на упис.
Eдношалтерскиот систем е насочен кон воспоставување на систем кој го интегрира приемот, обработката, дистрибуцијата на податоците кои се запишуваат во Трговскиот регистар и Регистарот на други правни лица, како и другите основни регистри воспоставени со закон од значење за субјектите на упис.
3.1. Централниот регистар преку едношалтерскиот систем овозможува:
- Обезбедување на податоци кои се задолжителни за почеток на работењето на субјектите на упис;
- Обединување на сите правно релевантни податоци во едно решение правно валидно за почеток на работењето и остварување на правата на одреден субјект и достапност на податоците;
- Достапност до уписите и посебните регистри или бази на податоци;
- Користење на податоци кои врз договорна основа внесуваат одредени податоци за Едношалтерскиот систем.
3.2. Централниот регистар преку едношалтерскиот систем врши:
- Определување и доделување на единствен матичен број на субјектот на уписот (ЕМБС);
- Определување на назив и шифра на приоритетна дејност според НКД;
- Определување на шифра на организациониот облик на субјектот;
- Внесување на единствениот даночен број (ЕДБ) на субјектот на упис;
- Внесување на број на обврзник за данокот на додадена вредност за субјектот на упис (број на ДДВ обврзник),
- Внесување на сметка од банка по избор на субјектот на упис и други податоци од значење на субјектот на упис;
- Внесување на податоци за првото вработување на лицата овластени за застапување (застапник по закон) на субјектите на упис и нивно вклучување во задолжителното социјално осигурување (пензиско, инвалидско и здравствено осигурување) доколку е поднесена пријава и
- Доделување и менување главната приходна шифра. » Централниот регистар преку едношалтерскиот систем обезбедува електронско решение за водење на регистарот на лица кои не можат да основаат и да управуваат со трговски друштва во РСМ согласно со одредбите од Законот за трговските друштва
-
Да се основа нов субјект;
-
Да се запише вистински сопственик;
-
Да се променат податоци за субјектот;
-
Да се поднесе годишна сметка и финансиски извештај;
-
Да се обезбеди побарување;
-
Да се пријави директна инвестиција и вложување во недвижности;
-
Да се избрише субјект;
-
Да се извршат и други уписи или обврски.
-
Финансиски информации од обработени годишни сметки;
-
Деловни податоци и потврди за субјекти;
-
Пакет потврди и информации;
-
Статистички извештаи;
-
Прекршоци, казни и забрани;
-
Потврди за залог, лизинг и други побарувања;
-
Инвестиции, вложувања и имот;
-
Информација од Регистарот на задолжници;
-
Информации од Регистарот на вистински сопственици;
-
Поединечен податок од Регистарот на задолжници;
-
Историјат од Регистарот на задолжница;
-
Останати услуги, потврди и информации.
Во зависност од начинот на поднесување предвиден со закон за различните типови на субјекти, оваа услуга овозможува самостојно (без посредство на Регистрационен агент) да се поднесе пријава за основање на нов субјект, и тоа:
- Во канцелариите на ЦРРСМ, или
- Електронски преку интернет, без посета на канцелариите на ЦРРСМ. За електронско поднесување, сите учесници во постапката треба да поседуваат дигитален сертификат. Комплетна листа на издавачи на дигитални сертификати прифатливи за ЦРРСМ може да прегледате на следната локација.
Доколку сакате да основате субјект со помош на регистрационен агент, изберете ја услугата „Регистрација на субјект преку Регистрационен агент“. Регистрацијата преку регистрационен агент согласно законите е возможна само за одредени типови на субјекти.
Регистрација на субјект (ДОО, ДООЕЛ, Трговец Поединец, АД, Здруженија, Фондации итн.) во Трговскиот регистар и Регистарот на Други Правни Лица претставува интегрирана услуга која подразбира регистрација на субјектот во соодветниот регистар, како и:
- Регистрација на субјектот како даночен обврзник во Управата за Јавни Приходи;
- Резервација на банкарска сметка во банка по сопствен избор.
Дополнително, доколку е соодветно на избраниот тип на субјект и неговата форма подносителот може да избере дали сака во рамките на истата процедура да:
- Поднесе пријава до Управата за Јавни Приходи за доброволна регистрација на субјектот како ДДВ обврзник;
- Поднесе пријава до Агенцијата за Вработување на Република Северна Македонија со цел регистрација на првите работници за субјектот.
Уписите на основање на правни субјекти во Трговскиот регистар се целосно бесплатни, што оди во прилог како дополнителна бенефиција за физичките лица кои работат без регистрирана дејност.
Со закон е утврдена можноста секое физичко или правно лице без посредство на регистрационен агент да поднесе пријава за основање на нов субјект: друштво со ограничена одговорност ( ДОО), друштво со ограничена одговорност едно лице (ДООЕЛ) и трговец- поединец (ТП). Тоа може да го направи електронски преку интернет, без посета на канцелариите на ЦРРСМ. За електронско поднесување сите учесници во постапката треба да поседуваат дигитален сертификат. Целата постапка со сите потребни упатства, обрасци и документи е објаснета детално на следниот линк: https://www.crm.com.mk/mk/uslugi/izvrsham-upis-ili-zavrsham-obvrska/osnovaj-nov-subjekt/samostojna-registratsija-na-subjekt?idV=8307 (Напомена: Овие инструкции се наменети за обични корисници и претставници на субјектите. По успешното креирање на корисичкиот налог и успешното барање пристап до е – регистрација, Ве молиме испратете e-mail порака на E-PodnesiSam@crm.org.mk со содржина дека барањето на пристап е за самостојно поднесување во системот за е – регистрација, пристапот ќе Ви биде одобрен. Доколку сте Регистрационен агент, погледнете ги соодветните инструкции во услугата „Регистрација на субјект (инструкции за Регистрационен агент)“).
Обуки, отворени денови, вебинари за сите корисници на услугите на Централниот регистар и за професионалните заедници кои ги користат услугите и системите на ЦР
Централниот регистар во периодот пред кризата со Ковид пандемијата редовно организираше обуки за професионалните заедници (адвокати, сметководители, односно регистрациони агенти). Соодветни упатства за основање на нов субјект се објавени на веб страната на ЦР, каде во поединечни чекори се дадени насоки како може да се регистрира фирма преку регистрационен агент, како и самостојна регистрација на правен субјект. Линк до локацијата:
Консултација во врска со правната регулатива за регистрација на правни субјекти, како и сите уписи на промени и бришења на правни субјекти се покриени со термини секој работен ден во канцелариите на ЦР.
Во периодот што следи епланирано е да се спроведат обуки за користење на системот за Е- залог, лизинг, фидуција и продажба каде таргетна група ќе бидат нотарите со цел подетално да се запознаат со функционалностите на системот за електронско поднесување на пријави за упис во овие регистри.
Од особено значење се обуките за самостојна регистрација на субјект во систем за е-регистрација, односно промоција на проектот Е-поднеси сам, со цел да се излезе во пресрет на сите граѓани и да им се пружат потребните обуки за да се запознаат со законските можности за самостоен упис на ДОО, ДООЕЛ и ТП, без посредство на регистрациони агенти и дополнителни трошоци.
ЦР организира онлајн вебинари и состаноци/обуки за сите системи преку кои се врши електронски упис/дистрибуција на податоци, со цел во услови на пандемија граѓаните да бидат запознаени со можностите за електронско добивање на услугите од ЦР:
– Интернет Дистрибутивниот систем
– Системот за е-потврди
Секогаш кога постои интерес кај соодветна професионална заедница за соодветни обуки од доменот на користењето на услугите и системите на ЦР, ЦР безрезервно е ставен во функција на организирање и споведување на истите.
Во прилог е линк до полето за КОНТАКТ со ЦР: https://www.crm.com.mk/mk/za-tsrrsm/kontakt и до официјалниот веб портал на Централен регистар: https://www.crm.com.mk/