Мисијата на Министерството за финансии е преку успешно управување со јавните финансии да се постигне повисок економски раст и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Република Северна Македонија.

Визија

Визијата на Министерството за финансии е со реализација на прогресивни идеи од својот домен да придонесе за зајакнување на функционалната пазарна економија која се темели на знаење, иновации и одржлив развој.

Главни цели на Министерството се:

  • Обезбедување стабилна економија и повисок економски раст
  • Одговорно управување со јавните финансии
  • Обезбедување долгорочна фискална рамнотежа
  • Спроведување на даночна и царинска политика во функција на поддршка на граѓаните и на економските субјекти
  • Пазарно ориентиран, стабилен и конкурентен финансиски сектор
  • Висок квалитет на услугите кон сите заинтересирани страни
  • Одржување на високо ниво на мотивација на вработените преку обезбедување континуиран професионален развој
  • Континуирано подобрување на системот за управување со квалитет и целосно исполнување на барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015

ПРИЈАВИ СИВА ЕКОНОМИЈА

ПРИЈАВИ СИВА ЕКОНОМИЈА

Органи во состав

Во состав на Министерството за финансии функционираат повеќе институции кои дејствуваат во различни домени од финансиското работење:

  • Царинска управа
  • Управа за јавни приходи
  • Управа за финансиско разузнавање
  • Управа за финансиска полиција
  • Биро за јавни набавки
  • Управа за имотно правни работи
  • Државен девизен инспекторат